•  +389 (02) 2462-962
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

НОВОСТИ

СУДСКА СТАТИСТИКА – SOSTAT

ZZI д.о.о. ја има развиено SOSTAT апликацијата за интерактивен приказ на податоци за обемот на работата на словенечкото судство.

Оваа веб апликација е наменета за пошироката јавност, медиумите и струката, достапна е за сите кои се заинтересирани за работењето на словенечките судови.

SOSTAT апликацијата се заснова на судски билтени кои се подготвени брз база на судски податоци од страна на Министерството за правда.

Поединечни годишни билтени може да се погледнат на следните линкови: http://www2.mp.gov.si/sostat/publikacije.html

Министерот за правда, Сенко Пличанич, ја презентираше новата веб апликација SOSTAT на прес-конференцијата одржана на 10.03.2014. Веб апликацијата SOSTAT е модерен и интерактивен начин на прикажување на податоци за обемот на работата и ефикасноста на словенечкото судство.

SOSTAT апликацијата е замислена како алатка за пошироката јавност. За секој кој има потреба да пребарува информации низ судските билтени, оваа апликација овозможува лесен пристап до целокупните податоци.

Целта на апликацијата е дека секој, дури и помалку искусни веб корисници, ќе можат да пристапат до информации што е можно побрзо, па затоа апликацијата е направена на минималистички начин со акцент на статистиката, со содржина за поддршка на работењето на апликацијата и ресурсите.

Апликацијата може да биде прикажана на различни уреди, вклучувајќи таблет компјутери и мобилни уреди со цел да се опфати што е можно повеќе поширока јавност.

Апликацијата е развиена како дел од работењето на е-правда, кој е делумно финансиран од Европската Унија преку Европскиот социјален фонд. Работењето е извршено во рамките на Оперативната програма за развој на човечки ресурси (Operational Programme Human Resources Development) 2007-2013 (CCI 2007, PO 051 001, со датум 21.11.2007) со развоен приоритет “Институционален и административен капацитет” склоп на ориентација “Ефикасна и ефективна администрација”.

Веб апликацијата SOSTAT е достапна на следниот линк http://www2.mp.gov.si/sostat/

BIZBOX ПАРТНЕРИ

Bizbox во регионот

Македонија
Србија
Црна Гора
Словенија

ПРАШАЊА И ПОДДРШКА

За прашања контактирајте не на:
T: + +389 (02) 2462-962
E: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

За поддршка за користење на bizBox контактирајте не на:
T: +389 (02) 2462-962
E: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Powered by ZZI