Во Колосеј, на 26. ноември 2013 фирмите Datalab и Телеком Словенија го претставија најновиот и најнапредниот сервис за е-сметководсвто, PANTHEON во облак.
Сертифицирани Бизнис услуги MK 2013-11-26 Во Колосеј, на 26. ноември 2013 фирмите Datalab и Телеком Словенија го претставија најновиот и најнапредниот сервис за е-сметководсвто, PANTHEON во облак. PANTHEON во облак претставува голем напредок во работењето на сметководството и сметководствените системи. На семинарот Андреј Зорко, претставник на ZZI, ја претстави новоста на подрачјето за безхартиено работење во Словенија - eNabiralnik, која е вклучена во новата верзија на PANTHEON. eNabiralnik е бесплатно интернет решение за добивање, увид и надзор на електронски документи, кој им овозможува на фирмите и на организациите безбедна комуникација со други фирми, ги намалува трошоците со тоа што нуди централно место за пристап и краткорочно зачувување на еДокументи. За едноставно испраќање на еФактури корисниците на PANTHEON само треба да направат дорегистрација и можат едноставно и лесно да го користат електронското испраќање на еФактури.