•  +389 (02) 2462-962
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

НОВОСТИ

СЕМИНАРИ ЗА НОВИОТ КОМПЈУТЕРИЗИРАН ТРАНЗИТЕН СИСТЕМ (НКТС)

Царинската управа на Република Македонија информира дека од 01.03.2014 година, на национално ниво, го воспоставува Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС) како алатка за управување и контрола на транзитните операции. Оваа фаза е подготовка за пристапување кон Конвенцијата за заеднички транзит.

Со воспоставувањето на Новиот комјутеризиран транзитен систем (НКТС) стапува во сила и законската обврска за задолжително поднесување на транзитна декларација и спроведување на формалностите во транзитната постапка со употреба на техника на електронска обработка на податоци.

Согласно овие измени економските оператори ќе го користат Новиот комјутеризиран транзитен систем (НКТС) за поднесување на електронска транзитна декларација и за спроведување на формалностите во транзитната постапка.

 Со цел запознавање на економските оператори со измените кои што ги носи овој систем, Царинската управа организира еднодневни семинари според следниот распоред:

· на ден 18.02.2014 година (вторник), во амфитеатарот во Централната управа во Скопје, со почеток во 10,00 часот;

· на ден 19.02.2014 година (среда), во хотел Премиер Битола (кај бензиска пумпа Лавци – Макпетрол), со почеток во 11,00 часот и

· на ден 20.02.2014 година (четврток), во просториите на царинарница Гевгелија, со почеток во 11,00 часот

 Семинарот е наменет за главните обврзнци, имателите на одобренија за поедноставени постапки во транзит (овластен примач и овластен испраќач), превозниците, компаниите кои настапуваат како гаранти, компаниите ангажирани во производството на софтвер за царинските постапки (НКТС) и другите учесници во транзитната постапка.

На овој семинар учесниците ќе имаат можност да се запознаат со тоа што преставува Новиот комјутеризиран транзитен систем, како истиот ќе се применува при спроведување на националната транзитна постапка, потоа со структурата и содржината на електронската транзитна декларација, начинот на спроведување на формалностите во појдовната и одредишната испостава во редовна и поедноставена постапка, начинот на користење и раздолжување на гаранциите, завршување и раздолжување на транзитната постапка, а ќе биде презентирано и практичното користење на овој систем.

Предавачи на семинарот ќе бидат експерти од Царинската управа вклучени во имплементација на овој проект.

Царинската управа ги поканува заинтересираните економски оператори да присуствуваат на семинарите.

BIZBOX ПАРТНЕРИ

Bizbox во регионот

Македонија
Србија
Црна Гора
Словенија

ПРАШАЊА И ПОДДРШКА

За прашања контактирајте не на:
T: + +389 (02) 2462-962
E: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

За поддршка за користење на bizBox контактирајте не на:
T: +389 (02) 2462-962
E: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Powered by ZZI